Атлетико Мадрид со убедлива победа со 3-0 против Осасуна и официјално го завери пласманот во ЛШ, покрај веќе сигурните патници од Ла Лига, новиот првак Барселона и ланскиот Реал Мадрид.
Само прашање на време беше кога Атлетико официјално ќе го осигура учеството во европската елита, после овосезонската катастрофа во ЛШ, па денеска Осасуна настрада со три гола во својата мрежа.
Јаник Караско минута погоди за водство, Саул Нигез во 62-та ја дуплираше предноста, а Анхел Кореа на седум минути пред крајот само стави печат на победата.
Атлетико со оваа 22 победа привремено дојде на второ место, но најважното е што има 12 бода повеќе од петтиот Вилјареал, недостижни поради трите кола кои преостануваат да се доиграат до крајот на сезонава. Осасуна остана на 47 бода на деветото место.