Поранешниот шпански репрезентативец Сеск Фабрегас потпиша двегодишен договор со италијанскиот второлигаш Комо.
Фабрегас (35) пристигна во Комо без отштета, бидејќи на шпанскиот фудбалер му истече договорот со Монако.
Тој имаше понуда и од Лече, но во Комо пристигна на убедување на играчот на Челзи, Денис Вајс, кој е директор на италијанскиот второлигаш.
Фабрегас во својата кариера играше за Арсенал, Барселона, Челзи и Монако. За шпанската репрезентација настапи на 110 натпревари и постигна 15 голови. Со Шпанија освои две европски првенства (2008, 2012), како и Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.