Маккедонските фудбалери во Данди Јунајтед се во центар на вниманието поради добрите игри, но и по ефикасноста. По Кристијан Трапановски кој првенецот во шкотското првенство го постигна во минатото прво коло, денеска во второто до својот прв гол во првенството дојде и Давид Бабунски.

Македонскиот фудбалер во листата на стрелци против Рос Каунти се запиша на стартот од вториот дел во 48. минута по асистенцијата од Фери. Претходно Бабунски постигна и еден гол во Купот на Шкотска.