Репрезентативецот на Србија, кошаркарскиот див Никола Јокиќ одигра извонреден турнир на Олимписките игри, па наградата стигна на крајот.
Освен тоа што го освои бронзениот медал со својот национален тим, Јокиќ влезе во историјата на најголемата спортска манифестација. На дуелот против Порторико беше пред трипл дабл, но влезот во историјата си го обезбеди денеска во мечот за третото место против Германија. На него Јокиќ стана четвртиот играч во историјата на Олимписките игри кој оствари трипл дабл. Кошаркарот на Денвер Нагетс дојде до трипл дабл на шест минути пред крајот, а мечот го заврши со 19 поени, 12 скока и 11 асистенции за индекс 36 со што повторно имаше најголем придонес за победата.
Игрите во Париз се први во историјата на кои двајца кошаркари остварија трипл дабл. Пред Јокиќ, тоа му успеа на Леброн Џејмс во полуфиналето против Србија кога стана прв играч со два трипл дабла на оваа манифестација. Во историјата на Олимписките игри, такво нешто направиле само уште двајца кошаркари: Сергеј Белов во 1976 и Лука Дончиќ во 2021 година.