Балканските НБА ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ покажаа дека и тие не се роботи, имаат лош ден на теренот, па нивните екипи беа поразени. Денвер го претрпе петиот пораз на домашен терен во 35-тиот меч, откако Чикаго беше подобар со 117:96.
Ова беше втор меч сезонава, центарот на Денвер, Јокиќ да има шут под 50 отсто реализација. Србинот имаше седум погодени шута од 16 обиди од поле, и пет загубени топки, но на крајот малку фалеше повторно да заврши со трипл-дабл ,имаше 18 поени, 12 скока и осум асистенции. Со Јокиќ на паркетот, Денвер имаше негатива од 14 поени.
Лоша вечер имаше и Дончиќ, а неговиот Далас загуби на гости кај Њу Орлеанс со 113:106. Словенецот погоди само 4 шута од 14 обиди, а на крај заврши со 15 поени, па неизбежно делуваше поразот од 113:106 на Далас.
Резултати: Вашингтон – Атланта 120:122, Бостон – Портланд 115:93, Мајами – Кливленд 100:104, Њу Орлеанс – Далас 113:106, Денвер – Чикаго 96:117, Феникс – Оклахома 132:101, ЛА Клиперс – Торонто 108:100.