Тотенхем немаше многу шанси, Милан ги спречи Сон и Кулушевски, го затвори Хери Кејн, па го трасира патот меѓу најдобрите осум во Европа. Повеќе од 90 минути потрошија, за на крај дополнувањето да донесе фантастичен трилер.
Кристијан Ромеро беше исклучен на 12 минути пред крајот, и уште потешка беше битката на Тотенхем за да избори барем продолженија. Во судиското надополнување, Кејн имаше голема шанса по центаршут на Сон, а Мање фантастично одбрани, за во контранапад Дивок Ориги имаше шанса да стави печат, но погоди само во дирекот.
Милан последен пат играше четвртфинале во ЛШ во 2012 година, кога преку Арсенал дојде до најдобрите осум, а потоа беше елиминиран од Барселона.
„Росонерите“ со пласманот им се придружија на Челси, Бенфика и Баерн Минхен во четвртфиналето, а останатите четири патници ќе бидат познати по останатите четири реванши идната недела.