Репрезентацијата на Романија во рамки од 3. коло од квалификациите за Европското првенство 2024 беше поразена од Фарски Острови со 28:26.
Поразот на избраниците на Пави Пасквал може да се должи на уморот поради патот, бидејќи поради снежната бура пристигнаа еден ден подоцна од планираното.
Како што соопштуваат романските медиуми, пилотот на авионот се обидел најмалку три пати да слета во Торшавн во понеделникот вечерта, но не можел да го стори тоа поради снежна бура и силни ветрови.
На крајот авионот слетал во норвешкиот град Берген, па дури вчера попладне одново се упатил кон Торшавн. Во вторникот околу 01:00 часот по полноќ, авионот слета во Берген.
Романската репрезентација таму ја поминала ноќта и дури во вторник попладне стигнала во Торшавн.