Дуелот започнува во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ а победа за Вардар ќе значи голем чекор напред во понатамошниот тек на групата .
Во ростерот на Вардар се враќа Борко Ристовски, а и покрај најавите вечерва нема да настапи Анте Кудуз.
Кај Алборг ќе недостигаат првата ѕвезда Арон Палмарсон и голманот Микаел Агерфорс.