Меси вчера постигна убав гол, а воедно и негов прв за ПСЖ во победата од 2-0 против Манчестер Сити
Сепак сите зборуваат за еден друг потег на Меси.
Сити имаше слободен удар на работ од шеснаесетникот, а можеби и најдобриот фудбалер на светот и еден од најголемите во историјата покажа дека не бега од валканата работа.
Лежеше на тревата зад живиот ѕид на неговиот тим за да го заштити голот на Донарума од удар по земја.
Се разбира, сцената на Меси како лежи во жив ѕид стана вирална, а имаше и многу реакции на социјалните мрежи од типот на “За ова ли го купивте, за да лежи по трева??… А има и комични коментари како Нејмар го прашува: “Еј што правиш ти тука?”.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1443221545774628869?s=20