Аталанта долго беше во трка за Лига на шампиони, но на крајот би можела да остане и без Европа. Тимот на Џанпјеро Гасперини се спаси од пораз на домашен терен од Салернитана играјќи 1-1.
Едерсон во 27.минута донесе водство за Салернитана, а домаќинот долго не можеше да стигне до израмнување. Тоа конечно му успеа на Марио Пашалиќ во 88мин, но Аталанта не успеа да стигне до три бода.