Римски Лацио ја запиша и четвртата победа во последните пет натпревари, со која се зацврсти на второто место во Серија А во трката за пласман во ЛШ, откако со два гола денеска ја поразија Монца за триумф со 2-0.
За 16-та победа сезонава на „орлите“ се погрижија Педро во 13-та минута со гол за водство и Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 56-та за потврда на победата, а и да се запише во историјата на римскиот калчолигаш.
Србинот со голот, кој беше негов 65-ти во дресот на Лацио кој го носи од 2015 година ја надмина македонската легенда Горан Пандев, кој со 64 гола досега беше најдобриот странец стрелец во историјата на клубот.
Специја и Салернитана во вториот денешен меч ремизираа 1-1, што е четврто реми по ред за гостинот од Салерно. Специја со 25 бода остана најблизок ривал, на шест бода од Верона која е прва во зоната за испаѓање.