Аргентина има водство од 2-0 по првото полувреме од полуфиналната пресметка на Светското првенство во Катар. Лионел Меси и Хулијан Алварез за пет минути ги нокаутираа Хрватите.
Половина час немаше ниту обид кон противнички гол, а потоа Хулијан Алварез беше фаулиран од Ливаковиќ во противничкиот шеснаесетник и беше досуден пенал.