Претседателот на катлонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта најави дека ќе стори сè за да ги купи двајцата португалски репрезентативци, Жоао Кансело и Жоао Феликс кои во моментов се на позајмица во каталонскиот тим.
Кансело пристигна од Манчестер сити, додека Феликс од Атлетико Мадрид, а Лапорта кажа дека наскоро планира да ги откупи нивните договори.
„И двајцата покажаа дека имаат иднина во тимот и сакаме да останат во Барселона. Имаме одлични односи со Атлетико и Манчестер сити и наскоро ќе почнеме преговори“, кажа Лапорта.
Барселона ќе понуди околу 25 милиони евра за Кансело, како и околу 40 милиони за Феликс.