Италијанскиот шампион Наполи загуби на гости во Торино во дербито со Јувентус со 0-1 и ги продолжи лошите резултати во италијанското првенство.
Бјанконерите“ немаат пораз на домашен терен и по осум одиграни натпревари се најдобрата екипа пред својата публика во калчото. Ниту Валтер Мацари не успеа да го врати Наполи во колосек, оваа екипа не делува воопшто на онаа која лани стана шампион во најдобрата лига на „чизмата“.
Во првото полувреме немаше многу шанси и на двете страни, иако најголемата ја имаше напаѓачот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, но неговиот удар го одбрани Војчех Шчесни.
Во вториот дел беше подинамично, а Федерико Гати го искористи центар-шутот на Камбиасо и погоди за водство од 1-0.
Стратегот на Наполи реагираше со неколку измени, а во игра влезе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, меѓутоа наполитанците не успеаја да се спасат од пораз.
Јувентус сега е нов лидер во Серија А и има 36 бодови, додека Наполи останува на петтата позиција со 24 бода.