Тинејџерската сензација на Барселона, Ламин Јамал, кој со Шпанија го освои Европското првенство, е избран за најдобар млад играч во светот, на церемонијата на Франс фудбал за „Златната топка“. Тој блесна минатата сезона со целиот свој потенцијал, а многумина му предвидуваат фантастична кариера, можеби и поголема од Лео Меси.

 

Ламин Јамал го доби „Копа“ трофејот, станувајќи најмлад фудбалер во историјата кој го добил ова признание. Тој сѐ уште е малолетен.

Јамал го наследи Џуд Белингам, а ја надмина конкуренцијата од фудбалери како Пау Кубарси, Арда Ѓулер, Коби Мејну и Савињо.