Луис Суарез беше презентиран како ново засилување на Гремио пред 45.000 фанови кои го поздравија нивното ново големо засилување.
Клубот направи и видео со честитки за Суарез од Артур, Бускетс, Нејмар и други. На церемонијата имаше многу пиротехника која креираше величествена атмосфера. Емоциите го совладаа Уругваецот, па во еден момент почна и да плаче.