Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ едвај го помина Французинот Квентин Халис, победи во два сета, но со 7-6 и 7-6 и се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Аделаида.
Францускиот тенисер му пружи исклучително силен отпор на Новак Ѓоковиќ. Се веруваше дека ова ќе биде меч во кој Србинот ќе победи рутински, но не беше така.
Во првиот сет Халис поведе со 3-0, имаше и 5-3 кога Ѓоковиќ го врати изгубениот сервис и дојде до израмнување на 5-5. Двајцата ги земаа последните гејмови на свој сервис, па се играше тајбрејк во кој Србинот победи со 7-3.
Во вториот сет се играше максимално израмнето, никој не загуби на свој сервис. При водство од 5-4, Ѓоковиќ пропушти две меч топки за порано да го реши дуелот. И овој сет дојде до тајбрејк, Србинот беше подобар со 7-5.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Шаповалов кој со 2-0 го победи Сафиулин.