Екипата на Евертон ја продолжува тешката битка за опстанок во Премиер лигата. На Евертон му беа одземени бодови поради прекршување на финансискиот фер-плеј, вчера го уништија најбогатиот клуб Њукасл (3-0) и избегаа од опасната зона.
По подолго време тимот од Ливерпул ја напушти опасната зона и е надвор од долниот дел кој на табелата. Канонадата од голови во финишот донесе три бода на сметката на Евертон, кој го забележа шестиот триумф.
Првиот гол беше дело на МекНил во 79. минута, а потоа во 86. минута Дукур стави печат на победата на домашните. Њукасл се отвори тргна во офанзива, па така падна и трет гол во мрежата на „страчките“ на кој автор беше Бето восамиот финиш во 96. минута.
Публиката имаше и протест кон Премиер лигата. Поради казната од десет поени, во 10. минута од мечот на „Гудисон парк“ се истакнаа зелени картони кај гледачите со логото од Премиер лигата, под кое стоеше „Го штитите некој, а не секој“.
Евертон на табелата е 17-ти со десет бода, а во следното коло игра дома со Челзи кој е десетти. Интересно, да не беше казнет Евертон ќе беше пред „сините“ на табелата. Њукасл го доживеа петтиот пораз, пред мечот со Тотенхем.