Ракометарите на Македонија со мислите се насочени кон следниот противник Германија во рамките на второто коло на Европското првенство. После поразот од Французите во првата рунда, следува пресметката со домаќинот кој ќе ја има фаворитската улога.
Во пресрет на дуелот пред првиот тренинг во „Мерцедес-Бенз Арената“ своите очекувања ги изнесе средниот бек младиот и талентиран Марко Митев.
„Пред сè, ќе биде навистина тешко, тие се домаќини и сите ги сметаат како фаворити. За нас сметаат дека сме аутсајдери, па ни останува да се бориме и на теренот да дадеме максимум до последната секунда. Почнавме со анализите, имаме уште два дена за подготовка. Има и Германија слаби страни, ќе се обидеме да го искористиме тоа и да играме.
Германците имаат квалитетна одбрана и голмани. Против Швајцарија ден имаа и нивните голмани, не мора да значи дека ќе биде така и против нас. Ќе се бориме да го смениме тоа. Само со работа може да се достигнат целите“, изјави Митев.
Во недела вечерта е закажан дуелот во Берлин.