Искусниот хрватски ракометар Златко Хорват (37) има нов клуб. Откако пред неколку дена го раскина договорот со Металург поради финансиските проблеми на клубот од Автокоманда, тој потпиша за унгарски Дабас.
Нашите редови ги засили светската ракометна ѕвезда, која со својата неверојатна рутина може многу да придонесе за нашиот тим, а особено да им помогне на младите играчи“, напишаа Унгарците на својата веб-страница за легендарното десно крило на хрватската репрезентација.
Дабас моментално е 10-ти во унгарската прва лига и Хорват треба да му помогне да остане. Тоа ќе биде трет клуб во неговата кариера по Загреб каде настапуваше 18 години и Металург каде остана многу кратко.