Данска која е бранител на тронот му одржа лекција на Парондо и Египет. Данците славеа со 25-30 и го освоија првото место, во четвртфинале ќе играат против Унгарија, а Египет со Шведска.
Актуелниот светски првак влезе моќно во првото полувреме, Ландин имаше три одбрани, поведоа со плус седум 7-14 и 8-15. Египет, со серија од 4-0 намали на 11-15, на одморот беше 12-17 за Данска.
Во 41 мин. Данска имаше осум разлика 14-22, не помогна ни тајм-аутот на Парондо. Данците доминираа, на крајот египетските ракометари се помирија со првиот пораз.
Гидсел постигна осум гола исто толку и Симон Питлик, два помалку имаше Хансен.
Германија и Норвешка се бореа за прво место, а истото го освоија Норвежаните кои славеа со 26-28. Во главна улога во редовите на норвешката репрезентација беше голманот, Бергерут. Средбата ја заврши со 12 одбрани, четири во последните четири минути. Норвешка успеа да поведе со 25-28 во последната минута за крај на сите надежи на панцерите.
ДВОЈКИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ (25.01/Гдањск и Стокхолм)
Франција – Германија
Шведска – Египет
Норвешка – Шпанија
Данска – Унгарија