Натпреварот меѓу Вардар 1961 и ПИК Сегед од ЕХФ лигата на шампионите, што се игра утре од 20,45 часот, и со публика на трибините во СЦ „Јане Сандански“ според предвидениот распоред ќе започне со едноминутно молчење.
Пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите во трагичната сообраќајната несреќа на македонските граѓани во Бугарија и во знак на сочувство со нивните семејства.
Македонскиот шампион воедно ги повика сите верни навивачи да додјат да го бодрат тимот на оваа средба од Лигата на шампионите, билети се уште има.
Билети ќе може да се купат и пред самиот почеток на средбата, во четврток од 18,30 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” до почеток на средбата.