Милан го демолира Динамо Загреб на „Максимир“ со 0-4. Матео Габија беше стрелец на првиот гол, а мечот го решија Рафаел Леао и Оливие Жиру во вториот дел. На крајот Љубичиќ си постигна и автогол, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери во тимот на „модрите“.
Единствен меч без голови беше дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, но со тој резултат и двете екипи се пласираа во осминафиналето. Ријад Махрез не успеа да реализира пенал, на почетокот на второто полувреме откако Грегор Кобел го одбрани неговиот удар.