Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал го испофали Гави кој синоќа постигна гол за победа за шпанската репрезентација.
Со вчерашниот триумф над Норвешка, Шпанија го завери учеството на Европското првенство. Шпанците победија со 1-0 со гол на Гави.
За младиот фудбалер на Барселона ова беше петти гол за шпанската репрезентација, импресивен учинок за толку млад фудбалер.
„Понекогаш треба да се потсетиме дека Гави има само 19 години и тој е стартер за Барселона и Шпанија. Нема што повеќе да се каже. Тој е дијамант“, рече Карвахал.