Борусија Дортмунд ја заборави „петардата“ што ја прими минатата недела од Штутгарт и на домашен терен триумфираше над Бохум со 4-2.
Малку недостасуваше да дојде до уште едно големо разочарување кај навивачите на европскиот вицешампион бидејќи по 21 минута гостите водеа со 2-0, со головите на Беро и Де Вит. Непосредно пред крајот на првото полувреме намали Гираси, а во вториот Борусија го комплетира мега пресвртот.
Џан од пенал го израмни резултатот, за Гираси и Нмеча во последните 15 минути да ги постават конечните 4-2 и да ѝ ја донесат четвртата победа на екипата од Дортмунд оваа сезона. Со неа Борусија привремено се искачи на втората позиција на табелата со 10 бода, пред натпреварите на останатите екипи во петтото коло од Бундеслигата.