Домашниот тим беше во зоната за испаѓање пред оваа средба, но одигра зачудувачки добро и ја искористи лошата игра на гостите од „Сент Џејмс Парк“. Јунак на вечерта беше поранешната голема надеж на Ливерпул, Доминик Соланке, кој ги постигна двата гола и тоа во второто полувреме. За црно-белите ова беше четврти пораз сезонава во премиерлигашката конкуренција, додека за составот на Борнмут само втор триумф во досегашните 12 средби.
Њукасл сега падна на седмата позиција на табелата со 21 бод, додека Борнмут со девет бодови барем привремено ќе биде надвор од зоната за испаѓање.