Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го совлада Јапонецот, Рјуки Матсуда со 2-1 по повеќе од два часа игра и обезбеди пласман во финалето од квалификациите за Челинџерот што се одржува во Кобе.

Нашиот тенисер го загуби првиот сет во тај брејк со 6-7, но следните два ги реши релативно брзо со 6-2 и 6-2. Интересно е тоа што во вториот сет не загуби ниеден гем на сервис на противникот, а во третиот само еден од вкупно четири.

За пласман во главната ждрепка на турнирот, Ивановски ќе се бори доцна вечерва, во 2:30 часот по полноќ, против уште еден јапонски тенисер Џејмс Кент Тротер кој се наоѓа на 556. место на АТП листата.