Фудбалерите на Португалија по голема драма и тешка борба успеаа да ја совладааат Словенија во пенал-рулет и се пласира во четвртфинале на ЕП. Херојот на „европските Бразилци“ беше голманот Диого Коста, кој одбрани три удари од белата точка. Натпреварот после 120 минути игра заврши без голови 0-0.

 

Репрезентацијата на Португалија по изведувањето на пенали ја елиминираше храбрата Словенија која беше достоен противник на фаворизираните Португалци. Вистински херој на Португалија беше голманот Диого Кошта кој ги одбрани трите удари од белата точка на словенечките репрезентативци.

Португалија имаше иницијатива, но шансите на португалските фудбалери не беа баш идеални. Најчесто беа закани со удари од далечина, Роналдо четири пати шутираше од слободен удар, но Јан Облак секогаш излегуваше како победник од тие дуели.

Словенија играше повлечено, меѓутоа беше одлично организирана, селекторот Матијаж Кек одлично ја постави играта, а неговите фудбалери идеите ги спроведуваа на теренот скоро беспрекорно.

Шешко имаше и две добри прилики да ги казни промашувањата, една во првото и една во второто продолжение.

Промашувањето на Шешко со Португалија:

 

Од друга страна Роналдо својата најголема можност ја пропушти во финишот од првото продолжение кога не реализираше најстрога казна.

Во пенал рулетот Диого Кошта ги одбрани ударите на: Иличиќ, Балковец и Вербиќ, додека за Португалија стрелци беа Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва.