Маркос Љоренте кариерата ја почна како играч за врска, Чоло Симеоне го направи извонреден десен бек, а денеска играше како центарфор во системот на Аргентинецот.
Друштво му правеше Анхел Кореа кој е резерва веќе подолго време, но мора да се напомене дека експериментот на Чоло и тоа како вроди со плод.
Двајцата постигнаа по два гола за убедливо водство на Атлетико од 4:0, а на крајот Депај ги постави конечните 5:0 откако претходно доби шанса на местото на Љоренте.
Погодоците погледнете ги ТУКА.