Претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез и неговите соработници последните години направија одлична работа бидејќи успеаја квалитетно да го реновираат тимот на Реал Мадрид, да го наполнат со млади фудбалери, а тоа да не се одрази на резултатите.
Оваа сезона „кралевите“ се меѓу европската елита, но ако се остварат најавените планови за засилување со Килијан Мбапе и Алфонсо Дејвис, тоа ќе биде можеби најдобар тим во светот.
Уште сега се гледаат неговите контури, со повратникот Куртоа на голот, со Камавинга, Валверде и Белингам во средниот ред и Винисиус и Мбапе во нападот. Жртва на сето ова би можел да биде Родриго, но најважно е тоа што се работи за релативно млади фудбалери кои би можеле уште 7-8 години да играат заедно.