На последниот ден од Европското Првенство за Кадети во Софија Р. Бугарија, Џудо Федерацијата на Македонија предводена од претседателот Владимир Трпаноски ја имаше честа да учествува на церемонијата на свеченото предавање на знамето кој на претседателот Трпаноски лично му го врачи потпретседателот на Европската Џудо Унија г-дин Кнајтингер.
Водени од претходно врвно организираниот Европски Куп за Јуниори 2023 од ЕЏУ не го криеја задоволството што токму главниот град Скопје ќе биде домаќин на наредното Европско Првенство за Кадети во 2025 година за кој истакнаа дека токму Скопје е совршено место за сите европски спортисти.

Задоволството не го криеше и нашиот претседател Трпаноски кој истакна дека ова е историски настан за Македонија и уверен е дека ќе има голем придонес за целокупниот развој на џудо спортот во нашата земја.