Феран Торес треба да биде најзвучното засилување на Барселона во зимскиот преоден рок.
Торес е во Барселона и се уште чека официјално да стане член на каталонскиот гигант. Направил и лекарски прегледи, но нема никаков потпис.
Манчестер Сити се уште не дава зелено светло за реализација на трансферот, поради што се уште нема потпис.
Барселона на 21-годишниот напаѓач ќе му плати 55 милиони плус 10 милиони евра во случај Каталонците да ја освојат Лигата на шампионите или Торес да дојде до Златната топка.
По увидот се вратил во хотелот каде со часови чекал се да се заврши, но граѓаните решиле да го преиспитаат договорот до милиметар, па како што стојат работите целата работа била одложена.