Немања Видиќ беше еден од најдобрите одбранбени играчи во светот. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед се сети на четворица напаѓачи од Премиер лигата кои најтешко можеше да ги чува.
Немања Видиќ го носеше дресот на Манчестер Јунајтед во периодот од 2006 до 2014 година. Долги години беше капитен на клубот од Олд Трафорд.
Прв на списокот на Немања беше Питер Крауч, двометар од Меклисфилд, кој настапуваше за Ливерпул, Портсмут, Тотенхем и Стоук.
– Никогаш дотогаш не сум видел играч од два метри. Тој играше за Ливерпул, се сретнавме на натпреварот од Купот на „Енфилд“. Си помислив: „Леле, што да правам со овој човек денес?“ Потоа го видов Белами до него, не многу спретен со топка, но многу, многу брз. Си реков кој попорво да го чувам. Никогаш не сум видел некој да игра фудбал на тој начин – изјави Видиќ и продолжи:
– Дотогаш не играв против центарфор кој покрај себе има остар, брз играч. Знаев како да се справам со нив поединечно, но не во исто време. Играв во тандем со Вес Браун, тоа беше тежок и долг натпревар. Загубивме со 1:0.
Втор на листата беше Дидие Дрогба од Челзи.
– Беше многу паметен играч, кој влезе во психата на дефанзивците. Тој беше силен, секогаш размислуваше однапред. Мислеше: „Ако противникот ме турка, ќе паднам“ или „Следниот пат ќе бидам посилен“. Постигна толку многу важни голови, беше многу константен. Игравме еден против друг кога и двајцата бевме на врвот на кариерата.
Третиот и четвртиот избор беа Серхио Агверо од Манчестер Сити и Луис Суарез од Ливерпул.
– Убеден сум дека Агуеро е роден како дефанзивец. Тој знае каде ќе оди топката и каде може да нападне. Играв против него кога не победија во сезоната на Дејвид Мојс со 4:1. Суарез е енергичен, се разликува од Агуеро кој не ги истрча сите 90 минути. Луис е играч кој користи инстинкт. Тој прави се во лет, мислам дека не ни знае што се труди, но успева. Топката ќе му помине низ нозете на дефанзивецот и луѓето ќе речат дека тоа е несреќа, но тој има моќ да го направи тоа – заклучи Немања Видиќ во интервју за магазинот „Атлетик“.