Најдобрата скијачка во светот Микаела Шифрин (26) е позитивна на коронавирус и тоа баш на еден месец пред почетокот на Олимписките игри во Пекинг кои треба да започнат на почетокот на февруари.
Американката одлично влезе во сезоната на Светскиот скијачки куп. Таа забележа три победи и пет подиуми и го држи водството во генералниот пласман, но сега мора да паузира.
Таа објави дека е позитивна на тестот за коронавирус, поради што ќе ги пропушти велеслалом и слалом што ќе се одржат овој вторник и среда во Лиенц, Австрија.
Сакам да ви кажам дека сум добро, но за жал имав позитивен тест за ковид. Го следам протоколот и се изолирам, ќе ми недостига Лиенц.Среќно на колегите, ќе навивам за вас. Ви благодарам на сите за поддршката. Се гледаме во новата година“, напиша Микаела на Твитер.
Шифрин моментално е лидер во генералниот пласман на Светскиот куп со 750 бодови. Зад неа се Софија Гоџа (Италија) со 635 и Петра Влхова (Словачка) со 435 поени.