Првпат после 14 години, Роналдо беше резерва на голем турнир после 31 меч, а „изненадувањето“ на Сантош да го стави Гонсало Рамош во првите 11 излезе како полн погодок, зашто младиот напаѓач даде хет-трик, прв на овој Мундијал.
Рамош погоди од првиот шут во 17-та минута, голот беше велемајсторски. Пепе стана втор најстар играч со гол на Мундијал (безмалку 40 години) ја дуплираше предноста во 33-та минута и Португалците безмалку го имаа четвртфиналето во рака, но сѐ набрзина заверија во првите десет минути од вториот дел. Рамош даде втор гол во 51-та, па Рафаел Гереро во 55-та минута четврти гол, а Рамош комплетираше хет-трик во 67-та минута. Печат на спектакуларната победа во втората минута од судиското надополнување стави Рафаел Леао.
Мануел Аканџи во 58-та беше стрелец на почесниот гол на Швајцарија, која изгледа се истроши против Србија во битката за осминафинале, па вечерва во ниту еден момент не беше конкурентна против разиграните пиринејски бразилци.