Португалија после пола час дојде до огромни 2-0 и маршира кон четвртфинале на СП во Катар, откако Пепе, кој е најстар европски фудбалер со настап на Мундијалите даде гол по корнер за голема предност против Швајцарија.

Пепе за три месеци ќе наполни 40 години и е втор најстар фудбалер со гол на СП. Најстариот е Роже Мила со гол на 42 години на СП во 1994 година во САД.

Гонсало Рамош, изненадувањето на Фернандо Сантош против Швајцарија на сметка на Кристијано Роналдо да остане резерва излезе полн погодок, зашто од првата вистинска шанса, напаѓачот со мајсторски гол го разби Јан Зомер за водство на Португалија.

Одчичната топка од Жоао Феликс, Рамос успеа да ја претвори во прекрасен гол и да го измами Зомер на првиот дирек, па Португалците го направија првиот чекор кон четвртфинале, каде Мароко ги чека после сензацијата против Шпанија.

https://twitter.com/tvlades02/status/1600208595777253376?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1600208595777253376%7Ctwgr%5E94079b162b8756ddc9c912112699a6d015f53b66%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fzatoa-ronaldo-e-rezerva-gonsalo-ramosh-go-probi-zomer-za-vodstvo-na-portigalija-video