Веќе подолго време и самата португалска јавност бара од селекторот Фернандо Сантош да не го става Роналдо во првиот тим, кој нема преголем придонес досега со само еден гол од пенал, кој сомнително го изнуди со Гана и со циркузот што го направи за да му украде погодок на Бруно Фернандеш.
Португалија е фаворит против Швајцарија, а ќе игра со Диего Кошта на голот, Пепе, Рубен Дијас, Рафаел Гереро и Диего Далот во одбрана, со засилен среден ред Вилијам, Отавио, Гонсало Рамос и Бруно Фернандеш и со Бернардо Силва и Жоао Феликс.
Ова е првпат после 14 години, Роналдо да не е стартер за Португалија на големите натпреварувања, уште од Еуро 2008 против Швајцарија.