Последната екипа која избори пласман во Ла Лига следната сезона е Џирона која во финалето на плејофот го совлада Тенерифе со вкупни 3:1 по два натпревари, откако по првиот натпревар немаше победник без голови .
Фудбалерите на Џирона се последните патници во елитната класа на шпанскиот фудбал, откако во финалето на плејофот во два натпревари го совладаа Тенерифе со 3:1.
Откако првиот натпревар заврши без голови, Џирона на реваншот на гостувањето во Санта Круз де Тенерифе го победи Тенерифе со 3:1 и по 2019 година се враќа во елитата на шпанскиот фудбал.
Гостите поведоа во 42. минута со голот на Кристијан Стуани од пенал. Карлос Руиз израмни во 59. минута, но девет минути подоцна Хозе Леон ја затресе сопствената мрежа за нова предност на Џирона. Конечните 3:1 ги постави Арнау Мартинез во 80. минута.
Џирона ја заврши Сегунда на шестото место, заземајќи ја последната позиција што водеше во плеј-офот за Ла Лига. Таа во полуфиналето го победи Еибар откако во првиот меч загуби дома со 0:1, а на реваншот по продолжението победи со 2:0.
И во финалето против Тенерифе не постигна гол дома (0:0), но на реваншот на стадионот Хелиодоро Родригез Лопез одигра одлично.
Алмерија и Реал Ваљадолид изборија директен пласман во Примера дивизион, додека Гранада, Леванте и Алавес отпаднаа од елитната лига.