Велшанецот кој цела сезона грицкаше семки на „Сантјаго Бернабеу“ зашто беше во втор план кај Карло Анчелоти, вкупно заработил на плата од „кралевите“ – 31.848.960 евра годишно. Или 87 илјади евра дневно.
Ако се пресмета, неделната плата на Барди од 29.000 евра е сума која Бејл за осум часа дневно ја заработил за ништо. Колку Барди годишна плата има и Елиф Елмас во Наполи од најплатените македонски фудбалери, а убедливо е најплатен Езџјан Алиоски во Ал Ахли во Саудиска Арабија со 2,5 милиони евра по сезона.
Македонскиот репрезентативец поради испаѓањето на Леванте е на излезна врата од клубот во кој дојде за 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт во летото 2017 година после настапот со младата репрезентација на Еуро 2017 во Полска.
Низа клубови се заинтересирани за Барди, дури и од САД, опција која ја отфрлил фудбалерот за врска зашто сака да остане во најсилните лиги во Европа. И Леванте е приморан да го продаде како и неколкумина други за да ги испегла финансиите и загубата од 23 милиони евра направена лани, па им требаат најмалку 10,5 милиони евра приходи од трансфери за да ги исполнат условите од финансискиот фер-плеј.