Манчестер сити е без еден фудбалер веќе по 30 минути игра. Серхио Гомес, фудбалерот кој летово дојде од Андерлехт, заработи директен црвен картон.
Тоа беше последниот настан во низата од неколку. Во 25. минута Сити имаше шанса да го отвори резултатот од пенал, но Ријад Махрез го утна пеналот кој му беше досуден. Претходно уште во 11. минута, истиот играч беше „виновен“ за поништен гол. Родри упати ракета од преку 20 метри, но попатно ја погодил раката на Махрез, па ВАР го поништи голот.
По сите перипетии, резултатот остана 0-0 по 45 минути.