Италијанските медиуми велат дека „Старата дама“ во јануарскиот преоден рок ќе потроши 75 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Србинот игра неверојатно оваа сезона во дресот на Лацио, а синоќа имаше две фантастични асистенции во победата од 0-4 против Фиорентина.
Минатата зима Јувентус иста сума плати и за Душан Влаховиќ од Фиорентина, а летово го донесе и Филип Костиќ. Ако се реализира и трансферот на Милинковиќ-Савиќ во Торино ќе има мала српска колонија.