Фудбалска експлозија се случи во Дортмунд: Албанија по само 20 секунди даде гол на Италија!

Репрезентацијата на Албанија го постигна првиот гол на Европското првенство (ЕП).

Ерупција на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд каде има рекорден број на албански навивачи донесе Недим Бајрами. Фудбалерот кој има македонско потекло ја искористи грешката на противничката одбрана и со силен удар постигна убав гол.

За Албанија ова е втор гол во историјата на настапите на Европските првенства. Претходниот пат, во 2018 година, Садику донесе победа над Романија.