Тој немаше премногу време за да го покаже својот квалитет, но демонстрираше голема борбеност во тие дваесетина минути, поради што доби и жолт картон. Неговиот тим брзо дојде до решавачката предност и тоа со головите на Симонс во 20. минута и на Орбан петнаесетина минути подоцна. Лајпциг со овој триумф се искачи на врвот од табелата во Бундеслигата и тоа со 17 бода. Подоцна вечерва Баерн Минхен би можел да го симне од врвот со евентуална победа против Штутгарт.
Актуелниот првак Баер Леверкузен успеа да го победи Ајнтрахт Франкфурт со 2-1, откако тимот на Чаби Алонсо направи пресврт.
Виктор Бонифејс промаши пенал во деветтата минута, а Омар Мармуш погоди од белата точка за водство на Ајнтрахт во 16. минута.
Андрих го израмни резултатот во 25. минута, а Бонифејс, по претходната грешка, постигна гол за победа во 72. минута.
Леверкузен, им се врати на победите по шокантото реми во минатото коло против Холштајн Кил. На останатите средби од седмата рунда, Борусија Менхенгладбах беше подобра од Хајденхам (3-2), Фрајбург го совлада Аугсбург (3-1), а Хофенхајм беше подобар од Бохум (3-1).