Новото засилување бразилецот Роке не добива права шанса во тимот на Барселона. Агентот на Витор Роке, Андре Кари вели дека неговиот клиент нема да замине на позајмица, туку тоа би било на перманентен трансфер.
Витор Роке требаше да биде големо засилување за иднината на Барселона, но авантурата на бразилскиот фудбалер премина во кошмар. Тој има 138 минути одиграно распределени во 11 натпревари, но и покрај тоа постигна два гола.
Се шпекулира дека Барселона ќе го даде на позајмица за следната сезона, но неговиот агент вели дека Роке сака перманентно да го напушти клубот.
„Тој нема да оди на позајмица. Ако замине, тоа ќе биде на перманентен трансфер“, вели Кари.
„На никој не му е јасно зошто Чави не го игра и зошто дури и не зборува со Витор. Имаше многу натпревари на кои можеше да му даде минути, а не му даде“.
„Не разбирам. Не е праведно, наскоро ќе разговараме со Барселона за неговата иднина“.
Роке е многу силен на психолошки план и има желба да се докаже. Многу работи не одат во негова полза, но треба да добие и мир. Погледнете што се случи со Винисиус во Реал Мадрид. Потребни му беа две сезони да се аклиматизира, а тука за неколку месеци во Барселона се направи хаос за Роке. Наместо да се помогне, тука луѓето сакаат да убиваат. Разговаравме со Деко и Роке има договор со Барселона. Ја избравме Барса пред други клубови кои нудеа двојно, го направивме тоа за да игра во Барселона. Чекаме да добие шанса, но доколку не се случи тоа, нема да оди на позајмица. Тоа не доаѓа во предвид, или ќе добие минутажа, или ќе биде продаден во друг клуб. Има многу кои се заинтересирани за Витор и ден денеска, – вели агентот Андре Кари.