Напаѓачот на Атлетик Билбао Ињаки Вилијамс изразил желба да игра за репрезентацијата на Гана на Светското првенство во Катар. Тоа е вториот фудбалер за неполни два дена кои изразиле желба да заиграат за „црните ѕвезди“, секако, доколку ФС на Гана го побара тоа од нив.
Таткото на Ињаки веќе разговарал со раководните луѓе на ФС на Гана, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа.
Ињаки е роден во Билбао во 1994 година, дебитираше за Атлетик во 2014 година. Во осум сезони со баскискиот клуб одигра 331 меч и постигна 74 гола. Тој дури има и еден настап за Шпанија против БиХ во пријателски меч. Инаку тој има и настап за Баскија во победата над Венецуела во пријателски меч во 2018 година.
Претходно фудбалерот на Челзи Калум Хадсон Одои размислувал да ги промени националните бои и да настапува за Гана. Тој е младински репрезентативец на Англија, а има и три настапи за сениорите на Англија.