Скот Мектоминеј повторно беше херој на Манчестер јунајтед, откако го постигна победоносниот гол против Астон вила во триумфот од 2-1 во 24. коло од Премиерлигата.
Расмус Хојлунд во 17. минута од дуелот постигна гол за водство на „црвените ѓаволи“ од 1-0, а во 67. минута Даглас Луиз погоди за Астон Вила.
Џокерот Мектоминеј влезе од клупата за резервни играчи во 73. минута, а потоа во финишот од мечот со глава го матира голманот Мартинез за триумф од 2-1 на гостите.
Манчестер јунајтед има 41 бод на шестата позиција во лигата, односно пет помалку од Астон вила.