Екипата на Атлетико Мадрид го доживеа шестиот пораз во Ла Лига оваа сезона откако загуби на гости кај Севилја со 1-0. Но уште полошо од поразот е што, Диего Симеоне го загуби и Алваро Мората, кој го повреди коленото и беше заменет на полувремето со Мемфис Депај.

 

На „Рамон Санчез Писхуан“ домашните фудбалери до големата победа стигнаа во 15. минута, кога Окампос асистираше, а Исак Ромеро ја погоди целта со удар со глава и донесе огромна радост на трибините. Асистентот на голот во 58. минута го совлада Облак, но голот не беше признат поради офсајд.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид натпреварот го завршија со 61% посед на топката, шеснаесет удари кон противничкиот гол, но ниту еден не заврши во посакуваното место.

Екипата на Севилја врза две победи во низа и сега се наоѓа на 15. позиција со 23 бода.