Легендарниот фудбалски храм во Барселона, „Камп Ноу“ ќе го промени името, откако е направен договор за три години според кој клубот ќе заработи 280 милиони евра.
„Каталонците“ ќе заработуваат по 43.5 милиони евра по сезона од неколку спонзори а со новиот добиваат дополнителни 93 милиони евра годишно.
Компанијата „Сторифај“ од Шведска ќе биде новиот спонзор на дресовите на Барселона како и правото на ново име на стадионот.