Ливерпул ја крена понудата за уругваецот Федерико Валверде на 90 милиони евра, а тоа би можело да го убеди Реал Мадрид и на продажба. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, наводно размислува да ја прифати оваа понуда.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека Уругваецот би бил идеално засилување за средниот ред и инсистира тој да пристигне на „Енфилд“ ова лето.
Федерико Валверде за Реал Мадрид имаше 56 настапи во сите натпреварувања минатата сезона, постигнувајќи 12 гола и седум асистенции.