Манчестер Сити оствари уште една минимална победа во Премиер лигата, денес против Борнмут (0-1). Во минатото коло „граѓаните“ победија со 1-0 над Брентфорд, сега со истиот резултат триумфираа и на гостувањето на „Виталити“.
Играчите на Гвардиола тргнаа офанзивно од самиот старт и се заканија преку Ерлинг Халанд кој шутираше покрај голот. Добрата игра беше крунисана со гол за 0-1 во 24. минута, а стрелец беше Фил Фоден. Репрезентативецот на Англија искористи една одбиена топка и го матира домашниот голман.
Единствената шанса во вториот дел ја имаше Халанд, чиј удар лесно го скроти голманот Нето.
Манчестер Сити со победата го одржа чекорот со водечкиот Ливерпул кој има бод повеќе на врвот, а четири повеќе од Арсенал кој игра со Њукасл во оваа рунда.